Македонската пејачка пронајдена мртва во својот дом од страна на својата колешка

Пристигна уште една тажна вест откако денес во својот дом во Скопје била пронајдена почината популарната фолк пејачка Атина Апостолова.

Таа во мај требаше да наполни 78 години, а како што откриваат нејзини колеги, неодмна имала здравствена интервенција, но по истата се чувствувала добро. Затоа веста за нејзината смрт ги затекнала.

Нејзината колешка и блиска пријателка Вики Среброва за ,,Фокус” вели дека денес таа дошла кај неа, но откако никој не и отворил, а внатре телевизорот бил пуштен, се загрижила и и се јавила на сестрата на Атина.

Потоа, нејзини блиски роднини дошле, го скршиле прозорецот, влегле внатре и ја пронашле почината.

За професионалниот живот на Апостолова се знаеше многу, бидејќи беше присутна на сцената повеќе од четриесет години. Ги остави хитовите „Запејте мераклии“, „Цела вечер ќе ти пејам“, „Верувај ми“, „Усни румени“, „Те видов, и се заљубив“, „Иле Илија“ и многу други.