Игор од Ранковце: Моите деца нема што да јадат, синот плаче од глад, а на ќерката и се слошува
Игор Стефановски во своето четириесет и седум годишно постоење не може да се пофали со убав и квалитетен живот.Роден и исраснат во село Псача, Oпштина Ранковце уште млад ја запознава тежината од сиромаштијата.
Уште поголема тежина започнува да чувствува кога станува семеен човек и оформува семејство, па, живеењето на неколку семејства во тесниот семеен дом од татка си ќе се покаже како лоша опција.
Затоа тој дознава дека подолу во селото има напуштена куќа во која е инвестира и средства и години, па, извесно време живеел со соругата Илинка и децата во неа.
Се до денот кога не се појавил сопственикот и не побарал назад да му се врати тоа што е негово. Тогаш група хумани луѓе заедно со Игор на плац што некогаш припаѓал на неговата баба ќе изградат двособна куќарка, само ова семејство да не измрзне надвор и да има кров над глава.
И, потоа започнуваат новите проблеми. Бидејќи местото каде е изградена куќата не е на име на Игор, тој не може да спроведе струја, иако последните пари ги дал за нејзин приклучок.
Веќе со години ова семејство живее во мрак и на свеќа, ако останат пари од она малку социјална помош што ја зема месечно. Поради стресот и високиот притисок Игор останува без слух, а поради тоа и без посотојана работа.
Како врв на се е и сериозната здравствена состојба на неговата сопруга која не е способна сама ниту да стане од кревет.
Па ова семејство ако не е храната од народните кујни ќе пати и за леб. Игор вели дека не може децата да ги испрати гладни во училиште зашто таму им се лоши, а и во темно не можат да пишуваат домашно, па често се и прекорувани од наставниците.
А, Илинка додава дека и дома кога ќе дојдат немаат услови за живот, ниту храна, ниту топлина, а, најлошо што немаат ниту светлина за да функционираат.
„Местот се води на баба ми, а и таа и мајка ми не се помеѓу живите, и поради тоа не можам да приклучам струја. Имам три ученици, одат на училиште без храна, без облека. Веќе 4 години слабо слушам“, вели Игор за Срце на дланка.
Судбината ќе одреди Игор да се роди и порасне сиромашно во село Псача. А, веројатно уште повеќе своите прсти ќе ги замеша и кога тој ќе стане возрасен.
Па, од семејната куќа поради недоразбирање со семејството на братот, еден ден ќе мора да излезе за да го пронајде својот мир во една куќа во истото село која била оставена од сопствениците. Но, по извесно време и од таму ќе мора да излезе и да бара спас во хуманоста на добрите луѓе кои ќе му помогнат да изгради две сопчиња.
Не среќата доаѓа отпосле, кога здравјето ги напушта и него и сопругата. Илинка завршува на операција поради ту мор во стомакот, а Игор од нервозите добива висок притисок поради што и 90 проценти го губи слухот.
А поради таа причина и неговиот работен статус. Па ова семејство преживува од собирање мов и печурки од планините, а често е и гладно.
Проблем е и струјата, која и покрај сите напори сеуште ова семесјтво не успеало да ја обезбеди. Па децата живеат во мрак. Не можа да ги работат своите училишни задачи. А, тешката финансиска состојба прави тие секој ден да се се погладни.
Сопругата по операцијата докторот и забрани физичка работа и да крева потешко од две килограми. Имам ќерка, девојче 14 години, таа пере во корито, срам ме е верувајте, но тоа е. Немам машина, ама и да имам на што ќе ја вклучам, немам струјга.
„Јас не сум способна да се наведам, ќерките перат чистат, некогаш и воопшто не можам да станам од кревет. Немам од што да ги хранам, сопругот што оди да помогне нешто и може ќе донесе 200 денари дома, но за што попрво. Некојпат и гладни си легнуваме. А децата си бараат, манџа, ама нема. Гладни одат на школо, гладни се враќаат“ вели мајката Илинка.
„Јас кога ќе си дојдам дома од училиште му помагам на татко ми што можам, човекот сака да ни помогне но не може. Чистиме, переме, одиме по мов, мама не може, беше на операција. Одиме често на училиште гладни, особено братми кој плаче. Наставничките се караат зошто не учиме, но јас со тато мора да работам, немам време а и немам струја“, вели ќерката Стефанија.
„Одам и јас по мов, морам. Одам некогаш сам таму по дрвата ќе најдам мов ќе ја ставам во канти и ќе донесма и потоа ќе го продадаеме а со парите на мама ќе купиме млеко, таа не може. За нас не треба, таа треба да биде добро. Често плачам од глад, ете другарчињата ни смоки не ми даваат“, вели синот Мануел.
„Јас имам притисок 180, некој пат ќе паднам во планината нема да може да ме најдат. Сакам да работам, но не можам. Оглувев, работев во една фирма 5,6 дена, но шефот ме виде и ми рече дека не можам, ми даде пари за тие денови и се заблагодари.
Сакам да работам, не сакам да гледам децата како ми трпат. Немам ништо за јадење, ни компир ни ништо, ете вчера продадов мов и земав од тие најмалите 250 грама кесички брашно леб да замесиме“ вели таткото и додава:
„Најголемата ќерка ми избега на 16 години, гледа нема услови, нема чорапи, нема патеки, сака да јаде. Ми дојде дома и ми вели тато ја не можам, ќе си одам, дали ти ќе ме дадеш или не јас ќе си одам. И дадовме 1500 денари да си купи нешто и си замина, а јас останав да плачам. Еве сега и ова е на 14 години, ми е страв. Нема ни телевизор, нема и што да прави.
Малиот син ќе отиде во школо ќе му се пријаде и ќе почне да плаче, да бара од децата. Видел смоки едно другарче јаде, побарал да земе, а тој го удрил по рака и му рекол не може. Ќерката го видела тоа и го земала со себе и си дојдоа дома. Учителката ги кара зошто не учат, зошто не пишуват домашно. А тие и кажуваат дека немат ни струја. На девојчето му се слошува од што нема да јадедно во училиште.
Тежок е животот на родител кој гледа како неговите деца се несреќни, а сакаат макар исто како и останантите деца. И жално е волку невини деца да мораат пред време да ги дознаат ударите од тешкиот живот и пред време да пораснат.Затоа, и игор и сопругата, па дури и децата молат за помош да им се помогне сега кога им е најтешко во животот.
Контакт за помошт на Игор Стефановски 076853988 или на жиро сметката во прилог.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите тука.