Инцидент по судењето за масакрот во училиштето во Србија: Родителите на убиените се соочија со мајката на убиецот
Родителите на убиените деца во училиштето „Рибникар“ во Белград донесоа фотографии од своите малечки пред судницата каде својата одбрана денеска ја изнесоа мајката и таткото на момчето убиец.
Кога заврши рочиштето, Миљана Кецмановиќ излезе и ги погледна сликите на убиените деца, а нивните родители и викаа: „Што гледаш, зло едно?!“.
Како што јавува репортерот на „Блиц“ од местото на настанот, кога Миљана Кечмановиќ ја напуштила судницата, родители на убиените извикале: „Жено монструм, злобно, што гледаш, што гледаш?!“.
Потоа адвокатот на Кецмановиќ отидоа кај обвинителот кој беше до него, додека Миљана остана да стои на скалите недалеку од таму.
Во Вишиот суд во Белград денеска продолжи кривичната постапка против Владимир Кечмановиќ и Миљана Кечмановиќ, таткото и мајката на момчето убиец, како и против двајца работници на стрелиштето каде момчето одело со својот татко.