И Сеад Кочан излезе на слобода

По повеќе од четири години, бизнисменот Сеад Кочан излезе од затворот „Идризово“. Директорот на затворот, Зоран Јовановски за „Фокус“ потврди дека Кочан е на слобода од пред околу еден месец, па Нова година ќе ја дочека како слободен граѓанин, но и бизнисмен.

Кочан, со полиција, беше однесен во „Идризово“ на 1 август 2019 година да ја издржува казната затвор од четири години и осум месеци, на која беше правосилно осуден во случајот „Труст“.

Тој беше еден од ретките што издржа затворска казна, но и еден од ретките со кој поранешното Специјално јавно обвинителство се фалеше дека ќе го свртат „бројчаникот“ за околу 17 милиони евра.

Пресудата за Кочан стана правосилна и извршна во јули 2019 година, кога Апелација му ја намали казната од шест на четири години и осум месеци затвор.