И тоа се случи во Македонија: Командири на затворската полиција во Идризова плаќале рекет на затвореник – а се со една цел

Македонија и се е можно – повеќе ништо не може да не изненаде, но ова звучни навистина неверојатно.

Имено затвореник во Идризово им земал пари на командирите и им ветувал дека ќе ги направи полицајци и од затворот ќе одат директно во Министерство за внатрешни работи.

Според актуелниот директор на затворот Зоран Јовановски, ова е приказната за рекетот и уцените кон поранешниот заменик министер за култура, Јанко Јаневски кој за Алфа сведочеше за пеколот кој го поминува таму. Затвореникот сега е недостапен за да може да одговори на обвинувањата на командирите.

Добро е што и Алфа се вкклучи за да се расчисти случајот,. Командирот денес му поднесуваат кривична пријава на Јанко бидејќи им зел пари им ветувал, а не сакал да им ги врати. И за него како и за останатите осуденици кои се жалат од рекет и уцени, информрирана е Лиле Стефанова и обвинителството треба понатаму да постапи, вели Зоран Јовановски, директор на Идризово.

Инаку Јанко Јаневски за Алфа сведочеше дека со месеци чуварите му се закануваат и се обидуваат да го рекетираат.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Алфа ТВ.