Кире Лазаров денес слави роденден, но од Германија му стигна неповолен абер
Кирил Лазаров, nајдобриот македонски ракометар на сите времиња, сегашен селектор на македонската репрезентација и предводник на сениорскиот тим на Алкалоид, денеска го прославува 43. роденден.
Во салата „Автокоманда“ го чекаше изненадување, сениорските и младинските екипи на Алкалоид го пречекаа со торта.
Но попладнево се чини роденденот му го „расипа“ информација што пристигна од Германија.
Машката репрезентација на Македојнија ќе игра против Германија, Франција и Швајцарија на ЕП 2024 година.
Нашите ракометари ќе играат во групата А, најтешката група на континенталниот собир што ќе се игра во „Мерцедес Бенц Арена“ во Берлин.
На првиот ден од ЕП, Македонија ќе се соочи со актуелниот олимписки првак Франција на 10 јануари.
По четири дена пауза, на 14 јануари, избраниците на Кире Лазаров ќе играат против домаќинот Германија, додека за крај на 16 јануари ќе играме против Швајцарија.