Кој вели дека парите не растата на дрво во Македонија – ги собираат за евро од килограм

Многупати сме слушнале фраза од типот – парите да не растата на дрво, а се чини тоа е случај во Македонија дали некому тоа му се верува или не.

Цената сега е евро за килограм, но од година во година таа варира. А истиот може да се најде особено во селата од околијата на Охрид, Битола, Кичево и Македонски брод.

Станува збор за собирање мов која се откупива за 60 денари од килограм, а цената може да оди и до 80 денари.

Тоа зависи од количините во Србија, Босна и Херцеговина и Србија, држави кои исто така се големи извозници на мов.

Мовта се користи за козметиката, а има примена и во декорации за градини и за во цвеќарници