Кристијан по 7 месеци живот во Малта: Сите што ги сакам желба ми е да си одат од Македонија, јас лично ќе им помогнам
Статус на Кристијан Мицкоски од пред неколку дена на фејсбук стана вирален, а во него се вели:
После 7 месеци живот и работа во земја на ЕУ, синоќа осетив прв пат потреба да се јавам на доктор . Мала кратка вртоглавица , затемнување на видот која ми се повтори во последните два дена.
Влегов во клиника, ја објаснив мојата состојба и прашав која е процедурата да закажам преглед на глава , срце, крвна слика. Докторката на прием се зачуди и ми рече : Господине какво закажување, вас не ви е добро . За 5 минути двајца доктори ме преземаа , крвна слика, екг, ехо а потоа и скен на глава и преглед на очи, мерење притисок .
За 15 мин дојде докторката и ми вика : Повеќе одмарај, пиј течности здрав си како дрен. Фактура за наплата 0 евра .
Се запрашав себе во што не има претворено нашата Македонија кога основната работа што ни следи како луѓе, здравствена заштита , ја доживеав како цивилизациски шок?
Во 20 години работа во Македонија и одвоени над 20 000 евра за здравствено освен мој термин, шокови и стресови по шалтери, како луѓе што сме добиле ?Каде завршиле нашите пари за нашето здравје ммм?
И како да го поднесам тоа факинг чувство дека надвор од дома те гледаат повеќе како човек него ли во твојата дома (држава )???
Сите што ги сакам желба ми е да си отидат од таму! На сите што можам јас ќе им помогнам а кој може друг нека му помога . Толку за таа вукојебина таму.