Курто Дудуш: Јас да бев Албанец никогаш не би го заменил Али Ахмети

Градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш во разговор за ТВ21 вели дека Унијата на Ромите во моментов разговара со неколку политички партии за заеднички настап на претстојните парламентарни избор.

Но, признава дека најблиску се до ДУИ.

„Јас да бев Албанец никогаш не би го заменил Али Ахмети за некој друг. Нема потреба да има друга опција односно опозицијата освен ДУИ и Али Ахмети“, телефонски ни рече попладнево Курто Дудуш.

Тој додаде дека Али Ахмети го почитува како човек, идеолог и потврдува дека најсериозна е понудата на ДУИ за заеднички настап на изборите.

Меѓу останатите, разговори реализирале и со ЗНАМ и со ВМРО-ДПМНЕ.