Лазар Бараков: Грешен сум Господе, многу грешен
Актерот Лазар Бараков, беше најпрепознатлив по улогите во Македонските народни приказни и секако еден од најомилените ликови.
Лазар Бараков кој е роден во Мокрино, Струмичко и долги години беше омилениот лик на Македонските народни приказни, заедно со Ѓорѓи Колозов, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски.
Лазар Бараков денес е во седмата деценија од животот, кој како што вели го натерал да работи најразлични работи, а никогаш да не се срами од тоа. А работата како и животот оставаат траги на сите нас.
Често е активен на социјалните мрежи, а овојпат Бараков евоцираше спомени со своја фотографија од младоста и се присети на некои моменти за кои напиша:
…деветстотини седумдесет и втората минатиот век , као Белградски ѓак, само два и нешто месеци. Не издржав . Гладни комуњарси години. Фатив џаде, Европа, првиот праг : Австрија – го осетив Рајот , друга планета. Само две години, ….975-та , Софија, друга комуњара, од трн на глог, до 978-мата,
..979-тата, ..мај , …Дипломската во Скопје во Драмски ,…Почна неколкугодишна агонија до 1987-та пикна ледот , се роди ТВ филмот “ Марка”..со сценаристот Васе , со режисерот Стојан и јас – заглавивме во бункер и сеуште сме во бункер во МРТВ. Е.ати среќата…. , на што си реплциираше: Грешен сум Господе, многу грешен..