Македонец згази дете во Загреб на пешачки, но судијата го пушти на слобода
Државното обвинителство побарало мерка притвор за 24-годишниот државјанин на Македонија, но судијата одбил и му одредил мерки на претпазливост.
ДОРХ наведува дека на 11.01.2024 година во 07.45 часот во Загреб, 24-годишен маж управувал автомобил по средната сообраќајна лента на улицата „Ватиканска“ во источен правец кон раскрсницата со Св. Матеј, но не со безбедна брзина се приближувал кон пешачкиот премин со која можел навреме да го запре возилото за да ги пушти пешаците кои веќе влегле на обележаниот пешачки премин.
– Се сомнева дека продолжил да вози и налетал на дете (2011 година, хрватски државјанин) кое со предниот десен дел од возилото го удрил и се здобило со тешки телесни повреди – велат од ДОРХ.
По извршеното доказно дејствие на првото вештачење, на судијата од истражниот суд на Жупанискиот суд во Велика Горица му е предложено на 24-годишникот да му определи мерка притвор.
Судијата не го прифатил таквиот предлог, туку на осомничениот му изрекол мерки на претпазливост.