Македонија на дело: Познато колку наши спасувачи во моментов се во Турција
Цел свет се мобилизираше и се крена на нози по силниот земј отрес кој што ги зафати Турција и Сирија пред неколку дена.
Спасувачки тимови буквално од сите страни пристигаат во Турција, а помеѓу нив се и од Македонија. Тимо од припадници на АРМ и ДСЗ е еден од најбројните.
Македонија веднаш реагираше и во првиот контигент најпрвин заминаа 24 армиски припадници кои со авион беа првите наши спасувачки тимови кои дејствуваа во Турција.
Истиот ден, но по копнен пат заминаа 40 припадници на Дирекцијата за заштита и спасување во кои има и професионални пожарникари. Истите веќе денес активно се вклучени во потрагата.
Веќе вчера 30 припадници на противипожарните единици ширум Македонија како Велес, Кавадарци, Штип, Гевгелија, Охрди и други исто така по конен пат заминаа за Турција и веќе се пристигнати и се очекува да се вклучат на терен.
Четвртиот контигент кој замина денес се 36 припадници на АРМ кои со автобус тргнаа кон Турција и се очекуваат од утре да се вклучат во акцијата.
Неофијално веќе се прават списоци за нови спасувачки тимови кои во рок од 10 до 12 дена доколку има потреба треба да заминат во Турција и да ги заменат постоечкита.
Кога ќе се соберат бројките се доаѓа до податок дека армијата на Македонија во Турција испрати досега 60 припадници, додека ДСЗ и пожарните единици 70 или во преводи севкупно 130 Македонци се на терен во засегнатите подрачја.