Македонската водителка се повлекува од телевизиските екрани – со сигурност ќе им фали на гледачите
Иако публиката ја знае како едно од највпечатливите и најведри ТВ лица што некогаш се појавиле на ТВ екраните во македонскиот етер, таа сепак кариерата ја започна како манекенка и модел уште како тинејџерка, на 17 годишна возраст.
Модната писта и снимањето на ТВ рекламите нема никогаш сосема да ги напушти, иако по препорака на една нејзина тогаш поискиусна колешка, Живкица Ѓурчиновска, сега Каленикова и модниот стилист Александар Билјановски – Дадар, ќе застане пред ТВ камерите.
Канал 5 и тогашната програмска директорка на телевизијата, Весна Петрушевска – Бејби ќе и ја пружат првата шанса. Презентирањето на временската прогноза ќе биде она нешто по што ТВ гледачите ќе почнат да ја препознаваат Ведрана Ѓорѓевиќ.
Ведра, позитивна, насмеана, сексапилна и борбена. Така во кратки црти ќе се опише амбициозната Ведрана. Ат рактивната убавица со виткана коса, која го носи шармот во својата насмевка, а сек сапилот во нејзините долги нозе.
Убавото македонско девојче со години беше дел од забавната емисија „Тротоар“, потоа задно со Димитар Атанасовски го водеше македонското музичко талент ТВ шоу „Сите наши песни“ на МТВ, па од утринската програма на МТВ…
Еден период живееше во Холандија заедно со своето поранешно момче, но сега е повторно тука и јавноста ја гледа секој викенд заедно со водителот Миро Кацаров како домаќини на забавниот ТВ магазин насловен „Златен тепих“ (Golden carpet) на Канал 5 ТВ.
Сепак, по последно емитуваната емисија нивната гостинка во Г-Карпет сподели линк од емисијата и напиша нешто што ќе ги изненади гледачите на Канал 5.
Колку убава енергија имаше во оваа емисија…Ведрана моја,ќе ни фалиш на тв екраните,но сум сигурна дека набрзо ќе блеснеш во некој нов проект.
А на ова Ведрана и одговори: Со вакви жени само убава и силна енергија може да има. Здравје, не е исклучено. До тогаш ќе се веселиме со товјата музика.