Македонската пејачка се пожали: Сите празници поминаа, мене никој не ме запроси
Македонската фолкерка Марија Тодоровска или попозната како Марија Луиса во последно време станува се попопуларна и медиумски се поекспонирана.
Како што кажавме нејзиното вистинско име и презиме е Марија Тодоровска, а во светот на естрадата е позната под уметничкото име Марија Луиса.
Згодната битолчанка е фолк пејачка која на пошироката јавност и стана позната не по своите хитови туку по нешто сосема друго – нејзиниот изглед.
Имено, Марија Луиса отсекогаш изгледала привлечно, пожелно, ат рактивна, а на својите настапи прави и одлична атмосфера.
Откако мерките олабавија, како другите естрадни уметници, така и Марија се врати на настапите каде што агендата и е доста густа.
Скоро секој ден е активна со настапи по угостителските објекти каде публиката ја пречекува, но и испраќа со голема сума на бакшиш.
Не е тајна дека Луиса заработува огромен бакшиш од настапите, а сето тоа секогаш и е документирано на социјалните мрежи.
Илјадарки, евра, долари, разни валути често се на куп во нејзините раце. Во една прилика откри дека за една вечер земала рекордни 310.000 денари бакшиш.
Марија Луиса е секојдневно активна на социјалните мрежи каде знае со некоја шега на своја сметка да ги забавува фановите па така и овојпат напиша:
Сите празници поминаа цела еуфорија мене никој не ме запроси, се пожали згодната битолчанка.