Македонската пејачка се јави од Америка:Немам потреба да се мачкам со ѕвездена прашина, ѕвездата ја носам во себе

Анета Наковска е добро познато име и мрезиме на македонската музичка естрада. Наковска е една од најзпознатите наши пејачки на фолк музика во земјава, а со својот глас и енергија секогаш успева да направи одлична атмосфера каде и да настапува.

Наковска Зад себе има долга и многу успешна кариера, а нејзиниот приватен живот секогаш бил интересен за публиката. Живее во Америка и секојдневно споделува интересни статуси или видеа на социјалните мрежи.

Така и овојпат, Анета реши да издоминира и си напиша на Фејсбук:

Немам потреба да се мачкам со ѕвездена прашина и “фенси стајлинзи” за да блескам,ѕвездата ја носам во себе,затоа сум приземјена без егоманија “ѕвездана глумажа”…

Немам потреба да продавам ветар и магла,бидејки јас сум ветерот,додуша досега ветер во туѓи грбови,но одсега ќе носам се пред себе