Васко Тодоров евоцираше случка со лик – го навредил поради тоа што е дел од К-15: Да немаше вакви јас Тошо Малерот немаше да го направам

К-15 е популарно македонско хумористично телевизиско шоу кое започнало во средината на 1990-тите години и претежно е во формат на епизоди составени од кратки хумористично-сатирични скечови на македонски јазик.

Но веќе со години наназад, поточно една деценија не се продуцираат нови епизоди, но и покрај тоа се уште се актуелни и гледани старите и легендарни.

Васко Тодоров, попознат како Тошо Малерот беше гостин во емисијата Нешто конкретно со Снеже Велков каде евоцираше случка во која имал состанок со некој непознат човек кога му упатил навредливи зборови, но Тодоров убаво се снашол:

– Баш се сеќавам сега скоро, некој се јавил за реклама во К15 и некој таков многу богата фирма, махаагони, му правиш психолошки профил и му викам добар ден не се знаеме. Викам сте барале реклама од к15, вика па ја те знам тебе бе.

Па вика, ти си најглуп. Викам точно е тоа. Па што те пратиле тебе, викам не ме пратил никој ние сме екипа и се договараме кој да оди на состанок спрема нивото на соговорникот со кој треба да се сретнеме, така што мене ми се падна со тебе.

И збунка има тука..вика: што ја глуп сум? Викам ти рече дека сум ја. Многу голема заслуга имаш ти за К15,да немаше вакви како тебе јас Тошо Малерот никогаш немаше да го направам, раскажува Тодоров.