Марија и Владо од Чаир по 10 години станаа родители, но се без леб: За нас не мора, но бебето да не ни е гладно
Марија Петрушевска и покрај хендикепот кој и констатиран како мала, отсекогаш знаела што сака во животот. Човек со чисто срце и топла душа за свој животен партнер и да се осознае како мајка. Двете најголеми желби кон кои ќе се стреми сиот живот.
Од свои 3 години со родителите живее во социјалниот стан кој им бил доделен, а, после трето одделение по препорака на нејзината наставничка од нормално оновно училиште морала да се префрли во училиштето Иднина бидејќи не можела да ги исполни активностите и задачите во првото.
И, не се жали на таа одлука, зашто Марија во иднина ќе се насочи во исполнување на своите животни желби. И, затоа кога еден ден доаѓа мајстор за поправка во нивниот дом ќе започне и да и се исполнува едната желба.
Таа се заљубува него и покрај разликата во години. А, неодамна и покрај десетгодишниот сте рилитет добива и принова-синот Леонид. Иако и се исполнуваат двете најголеми желби сепак Марија повторно живее тешко. За својата животна приказна зборува пред камерите на Срце на дланка.
Живее во една соба од социјалниот стан на мајка и, не е вработена ниту таа ниту сопругот. Пред неколку месеци додека сопругот работел живееле два месеци под кирија, но тој бил избркан од работа.
Затоа повторно се враќаат во собата од мајка и. И покрај тесниот простор, ова семејство нема како да обезбеди пелени и млеко за бебето, па, иако и тие понекогаш се гладни замолуваат да им помогнат со храна и хигиенски средства барем за синчето кое толку долгу го чекале.
– Многу лошо живееме, во една соба со бед ни услови, многу лошо. Живееме од ден за ден. Денес ако имаме да јадеме ќе јадеме, ако не нема. Се труди мојот сопруг да не заштити, да ни обезбеди јадење, колку може толку, се труди да ни даде. Ако денес го викнат да поработи, ќе донесе пари и купиме храна. Ако не го викнат да работи нема да донесе храна и така живееме.
Еден месец јас го одгледувам бебето со помош на луѓето. Во текот на овој месец како ми е родено јас не сум купила воопшто ниту млеко, ниту памперс, само луѓето ми помагаат. Живеевме со социјална помош, сега и таа ни е укината, и немаме ниту социјално ниту маж ми работи.
Бебето ми е единствена радост и бебето ми е богатство, фала му на Господ што тој ни подари после толку години син. Син сакав и син добив. Сакаме и нормални услови, со Господ напред, тоа е моја желба да имам и второ бебе, детето да не ми биде само, да има со кого да комуницира, бидејќи моето детство беше многу лошо.
Јас немав со кого да се дружам, мене не ме сакаа, ме одбегнуваа дека сме сиромашни и јас сум немала каде да се дружам и со кого и морав сама тука да си играм, објаснува Марија.
Марија откако првите години од животот ги минала под кирии, од своја три годишна возраст со родителите доаѓа да живее во социјален стан во населбата Чаир во Скопје.
Пораснала со баба си која се и овозможувала и најмногу се грижела за неа. А, бидејќи е родена со попреченост морала по сугестија на наставничката после третото одделение да замине во училиште за деца со посебни потреби.
– Мојот татко беше пијаница и така да немавме добар живот, ме сакале и родителите, но највеќе ме сакаше мојата баба и таа ме одгледа. Таа е по чината и ден денеска е во моето срце, таа да не беше јас не би била жива, додава Марија.
Светлата точка во животот на оваа жена е запознавањето со идниот сопруг, кој иако е цели 20 години постар од неа откако дошол да поправи дефект во нивниот стан на Марија веќе не и излегува од памет.
Тоа трае се додека не ја оствари целта и не стане нејзин сопруга, но подоцна имаат уште еден проблем цела деценија не можат да се осознаат како родители.
Дека Господ ја сака оваа жена докажува и фактот што откако еден ден после цели десет години на тестот за бременост Марија забележува две линии и станува пресреќа што наскоро ќе стане мајка, само и загрижена што нема како да го изгледа и чува најсаканото поради тоа што живеат во една соба од станот на мајка и, а, и двајцата се невработени и немаат за живот.
Марија на прв поглед има се во животот. Човекот што го сака и детето кое и е најголемата радост. Сепак, таа досега да не се хуманите граѓани ќе нема да му купи ниту млеко ниту пелени, зашто веќе со месеци немаат никаков приход.
Па затоа граѓаните ги замолува кој може да го вработи сопругот и да го надминат овој тежок период, но, и доколку е можно државата да и помогне со социјален стан зашто вака како семејство многу тешко функционираат
Сите ние имаме една мала дијагноза навечер. Премногу мислиме за својот живот. Се враќаме на местата каде сме биле најповредени.Ги бараме причините. Објаснувањата.
А, треба се да пуштиме. На крајот на денот не треба се да имаме под контрола. Зашто некои убави работи се случуваат токму тогаш кога ништо не е како што треба да биде. И, зашто понекогаш и во најмрачното место може да се запали светло.
Доколку сакате да и помогнете на Марија и на нејзиното скромно семејство тоа може да го направите на контакт телефонот Марија 076566384 или на жиро сметката