Мајка од скопско Ченто живее и се грижи за три болни ќерки: Барам ако може да ни се обезбеди стан до болница
Куќата на 64-годишната Музафера Арифи од Ченто е претворена во болница. Трите возрасни девојки имаат бројни здравствени проблеми. Постојано се под дејство на лекови, неможејќи да работат и да и помогнат на својата мајка. Макфире е во најтешка состојба и не мрда од кревет. На домаќинката Арифи која веќе неколку години е без сопругот, животот и станал тежок а преживува со само 18.000 денари месечно.
„Малата е многу лошо, не може да зборува, не може ни да јаде, ни да пие. Никој ги нема моите проблеми, катастрофа сме со храната, се трудам да готвам за нив. Како го поминуваме месецот, само јас знам, малку тестенини, нешто така.
Кога земам нега од ќерката, одам да купам храна, што ми треба, им правам за јадење, што да правам друго.. од ќерката земам 100 евра и социјално 200 евра, вкупно 300 евра. . Што ќе правиш со 300 евра, лекови ли да купам или што, вели таа за Алсат ТВ.
Дали трошите многу на лекови? Да, над четири илјади денари. Памперси купувам. Искрено, кога имам, еднаш купуваме лекови, потоа други работи“, рече Музафере Арифи, домаќинка.
На семејството Арифи му требаат многу работи. Нивното посебно барање е да им се обезбеди станбен објект блиску до здравствените установи.
„Апелирам до луѓето кои можат да ни помогнат, барем да имаме месечна плата и куќа. Кога сестра ми има грчеви, мораме да ја носиме на лекар, не можам сама да ја носам“, изјави Рејхане Арифи.
„Докторите се далеку, училиштето е далеку. За нас е поважно да го имаме лекарот до нас бидејќи сите сме болни дома“, рече Ширете Арифи.
Поради тешката економска состојба, семејството Арифи не ги плаќа сметките за струја и вода, ризикувајќи да остане без струја и вода.
Заинтересираните кои сакаат да му помогнат на ова семејство можат да се обратат на телефонскиот број: +389 70 217 868
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Алсат Тв.