МВР се огласи: Познато колку Бугари се уапсени и зошто
Министерството за внатрешни работи се огласи пред неколку моменти со детали:
Приведени девет бугарски навивачи кои го нарушиле јавниот ред и мир на стадионот во Скопје, пред натпреварот помеѓу Шкупи и Левски Софија
На 27.07.2023 од страна на Единицата за брзо распоредување приведени се Г.Б, З.З., В.Д., Г.К., Б.А., В.Ј., И.К., Д.П.Д. и А.В.И., сите бугарски државјани, кои го нарушија јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеа службени дејства на стадионот „Тодор Проески“, непосредно пред почетокот натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига помеѓу Шкупи и Левски Софија, кој вечерва се игра во Скопје.
Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.