Миа Костова: Да честиташ денес ти е како на тепана жена со модро око и гипс да и дадеш цвеќе
September 8, 2023
Денес Македонија го слави осми септември, Ден на независноста на Македонија. Се чини по никогаш потешка и тмурна атмосфера.
И инфлуенсерката и поранешена водителка Миа Костова се придружи на честитките, а исто на фејсбук напиша:
Честитањево денес е ко на тепана жена со модро око и гипс на рака со штаки да и дадете цвеќе и да и речете: Ајде мори Ирено не се лигави еден шамар беше, тоа од што те сакам! Среќен роденден!
Замислете и ја фацата на Искра која ни Ирена не се вика додека го држи букетот и вика ‘Фала…’Еее, моја единствена Македонијо.
Ти посакувам подобри времиња за следните родендени. Ако преживееш