Миа Костова: До кога заради едно дете монструм треба да трпи цела генерација
Изминативе денови јавноста ја потресе случај со врсничко насилство во скопско училиште „Лазо Ангеловски“. Подолго време второодделенец ги малтретира своите соученици, ги тепа, ги плука, им ги кубе косите, а најстрашното е тоа што седумгодишното момче затворило девојче врсник во школскиот тоалет, го соблекол голо и со нејзините алишта го избришал подот.
Од училиштето рекле дека не можеле да се справат со ова дете и со неговите постапки, а самиот ученик имал слична историја и од градинка. Како што пренесува Весна Петрушевска на својот Инстаграм профил, а која воедно е дел од кампањата крени глас против врсничко насилство, детето уште претходно ги малтретирало другите деца.
За самата ситуација и масовната споделеност на социјалните мрежи свој коментар даде и Миа Костова:
Периодов не успевам да пофатам се, едноставно немам време НО! Ова го видов вчера, константно ми излегува приказната и на Твитер..Дали има некој нормален овде? Дали сметате дека ова треба да е секое чудо за три дена?
Дали мислите дека со оставање на работите утре вашата малечка нема да биде соблечена гола во тоалет и нема да има трауми додека е жива? До кога заради едно дете монструм (не, немам чувтсво дека се работи вза 7 год.дете) треба да трпи цела генерација?
Па татко му бил инспектор, па што ако бил? Што акооо? Детето треба да се избрка од училиште, при упис во ново, родителот треба да сноси казна на секој погрешен чекор!Удирањето по џеб очигледно би ги болело повеќе отколку нивниот невоспитан син!
View this post on Instagram