Министерот Меџити вечерва пак се огласи за разрешувањето на Д-р Јовев: Мораме, ако сакаме да имаме силна држава,
Македонската јавност денес ја бранува информацијата за разрешување на Д-р Сашко Јовев од позицијата директор на Кардиохирургија.
Министерот за здравство доктор Фатмир Меџити вечерва во емисијата 24 анализа рече ќе бидат регулирани сите недостатоци во здравството.
– Го знам дефектите, бидејќи сум работер во здравството. Бескомпромисно и секаде каде што има нерегуларности, тие ќе бидат анкционирани.
Тоа се случи и со директорот на здравствената установа Бардовци кој е од Алијансата, тој беше разрешен и беше именуван друг. Ќе продолжиме со санкција на сите нергуларности.
Мораме, ако сакаме да имаме силна држава, да имаме силно здравство. Во стручноста на професорот Јовев, не навлегувам, ова е менаџирање на клиниката.
Тука стануваше збор за злоупотреба на работното време и внатре во менаџирањето. Има извештај за тоа зошто е разрешен. Имаше разрешување и во Тетово за неприсуство на работното место. Немаме таков луксус за такво нешто. Нема да дозволиме такви директори. – рече Јовев.