Мислат дека е модел се додека не земе моторка во рака – Јелена ги работи најтешките физички работи, вози камион, виљушкар, трактор
Девојката од Србија Јована Гавриловиќ е многу популарна на социјалната мрежа ТикТок каде има повеќе од 60.000 следбеници на кои секојдневно им покажува како изгледа селскиот живот. Иако многумина и пишуваат дека изгледа како модел, таа всушност работи сосема поинаква работа.
Јована живее во големо, селско домаќинство и се занимава со повеќе различни работи како што се делење и сечење дрва, влечење трупци, вози приколка полна со пченка, а како професионалец вози и трактор.
Сепак, нејзината вистинска страст се камионите, бидејќи тие се најзастапени покрај виљушкарите на нејзиниот профил.Леснотијата со која управува со „тешкашите“ ги воодушевува корисниците на социјалните мрежи.
„Тиктокер“ од околината на Мали Зворник често објавува фотографии и видеа од теренот, но и од забавите, поради што најчесто вилиците на мажите паѓаат на подот, некои поради надворешноста, некои поради умешноста.
Како што може да се види на приложените видеа, таа ужива да работи на село, а се добива впечаток дека нема работа што и е тешка и од која се срами.
Во неколку кадри можете да видите како таа ужива со својот избраник. Сепак, камионите, тракторите, виљушкарите и моторите имаат посебно место на нејзиниот профил и одлично се снаоѓа зад воланот на „обично“ возило.
Весела, вредна и насмеана, Јована е една од омилените српски тиктокерки на оваа мрежа, што може да се види преку лајкови и бројни комплиментарни коментари.