Младиот скопјанец Или од 10 години прави бурек и порача: Ако имаш занает, ќе имаш за леб
Првиот бурек го направил на само 10 години и по една година почнал да работи со татко му. Или сега има 18 години и ги продолжува студиите на Факултетот за спорт, но не се откажал од овој занает.Иако е млад занаетчија, тој го прави највкусниот бурек о Старата Скопска Чаршија.
Или Кастрати: Го наследив од татко ми, од 10 години полека почнав да го учам занаетот, додека од 11 почнав да работам.
Н.: Работиш од 11 години, односно што те мотивираше или ти беше интересно? Или Кастрати: Ме натера маката а воопшто не ми беше интересно, но полека почнав да уживам.
Н.: Дали изгледаше како тешка процедура кога првпат почна? Или Кастрати: Да нормално, се правев со масло целиот, додека не го научив занаетот.
Моментално работи со татко му, но вели дека повеќе не му стои над глава како порано.
Н.: Ти го правиш подобро или татко ти? Или Кастрати: Те молам, не прашувај тоа. Н.: Не се осмелуваш да одговориш… кој е подобар? Или Кастрати: Јас малку, но шшт…
Таткото на Или, Башким, вели дека работи над 30 години. Има една порака до родителите а тоа е да ги натераат нивните деца да учат некој занает освен училиштето.
„Јас го украдов занаетот, порано занаетот се крадеше а сега се учи и едвај ги тераме да го научат“, вели Башким Кастрати.
Дали младите имаат заинтересираност за ваков вид на занает?
„Ретко, нема воопшто заинтересираност. Се зависи од родителите, родителите треба да ги учат децата од детство да работат. Треба да имаат две училишта, едно од занает и едно од училиштето. Младите не сакаат да учат, уште малку и нема да има кој да прави бурек, ќе биде само Или, другите ќе останат така“, Башким Кастрати.
Или вели дека занаетот никогаш не те остава без леб. „Занаетот е добар, не те остава без леб, секој ја имаа таа цел во животот“.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ 21.