Наставниците ширум Македонија со големи проблеми – учениците во неизвесност
На самиот крај на учебната година професорите ширум Македонија се соочуваат со проблем кој се провлекува години наназад откако е воведен електронскиот систем на внесување оценки.
Имено, наместо навремено извршување на работните обврски и запишување на оцените кои учениците ги добиле по наставните предмети, наставниците се приморани да чекаат да проработи Е-дневникот.
Според некои коментари, многу наставници мораат да се вклучуваат насред ноќ кога не е оптоварен серверот на е-дневникот и да ги внесат оценките.
По тој повод стигна и: Реакција на НСОН по однос на нестабилноста на серверите на Е-дневникот
До МОН: Крајно време е да се направи надградба на серверите на Е-дневникот за истите да можат да бидат компатибилни за употреба за преку 30.000 наставници со цел навремено и професионално извршување на работните задачи.
До Наставниците: Почитувани колеги. Како Независен синдикат за образование и наука во повеќе наврати јавно реагиравме за проблемите кои произлегуваат со лошите и нестабилни сервери на е-дневникот поготово во периодот кога се заклучуваат годишните оцени.
НСОН ги советува сите колешки и колеги што не се во можност да се логираат на страната на Е-дневник истото да го пријават на ednenik@ednevnik.edu.mk ; contact@ednevnik.edu.mk ; ednevnik.mk@gmail.com ; info@ednevnik.edu.mk, а откако ќе го пријават проблемот, да се одморат и да се посветат на семејството.
Ако не постојат нормални услови за работа, извршувањето на работната задача ќе почека додека не бидат обезбедени нормални услови. НСОН стои цврст зад секој просветен работник