Наум Петрески: Многу шутраци во народов
Како што е познато Наум Петрески е еден од најпознатите македонски пејачи на народна музика. Петрески како и многумина пејачи изминатата година како и другите музичари се без работа поради актуелната ситуација.
Кога Наум Петрески настапува забавата и атмосферата секогаш е загарантирана. Неговите песни и хитови се едни од најслушаните, како кај нас, така и во дијаспората кај нашиниците.
Од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.
Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други. Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други.
Петрески важи за човек без „влакна на јазико“ кој секогаш отворено говори, а тоа носи и низа од коментари во јавноста. Така и овојпат, на Фејсбук профилот објави:
Многу шутраци во народов дури да не ти се верува. Не гледаат кој како пее туку кој колку кошули сменал.