На само 30 години почина докторката Марија – со својата исповест за борбата ги освои срцата на македонската јавност
July 27, 2023
За жал иако храбро се бореше, на крајот не успеа да ја добие најважната битка, а тоа е животот.
Имено младата докторка Марија Бунда од Скопје не ја издржа борбата со ракот на дојка и почина почина.
Таа пред околу две години откри дека има рак на само 28 години и реши да ја сподели својата борба со јавноста.
Редовно упатуваше апели до младите девојки и жени да си прават самопрегледи и да одат на редовни контроли.
Своето лекување д-р Марија го продолжи во Англија кај својата мајка која е радиолог на дојки во Англија и ментор на спезијализанти од Кембриџ.
На социјалните мрежи бројни пријатели, но и луѓе кои лично не ја познаваа, а и даваа поддршка се простуваат од нејзе.