Немања е херојот кој спречи трагедија и го запрел автобусот пред да дојде до срушениот мост: Сведочи што се случувало
Снимката од уривањето на мостот во Мрчајевци утрово ги вознемири граѓаните на Србија, а потоа дознаа дека зад него се крие и херојски чин.
Авторот на ова видео Немања Богосављевиќ ја алармирал сообраќајната полиција дека мостот ќе се урне и само неколку минути пред да ја вклучи камерата ги спасил работниците од Турција кои поминувале по него.
„Дојдов овде околу 06:20 часот утринава, да видам дали Морава е преполна и дали нашите ниви се под вода. Реката не се излеа, но видов дека еден од столбовите е напукнат. Ја известивме сообраќајната полиција, отидов дома, но на враќање видов дека кон мостот се движат автобуси со турски работници, кои работат на Моравскиот коридор“, изјави Немања за новинарот на Нова С.
Овој храбар човек со својот автомобил успеал да го претекне автобусот.
„На околу 200 метри пред мостот успеав да ги запрам со мојот автомобил и да ги спречам да одат до мостот кој веќе беше скршен“, рече тој.
Во тој момент на лице место излегла и полицијата.
„На барање на полицаецот се симнав на брегот да го снимам мостот. Го земам телефонот, ја вклучувам камерата, а остатокот веќе го видовте“, додаде тој.
Немања додава дека дрвата што ги носи Морава и големото количество вода изминативе денови удирале во столбовите на мостот.
Има и нива од другата страна на реката, но како што вели, кога ќе се смири водата, мештаните ќе најдат начин да го решат овој проблем.
Мостот е спас за над 20.000 жители од овој дел на Србија, единствена алтернатива им е да одат во Чачак или Краљево.
Како што веќе претходно пишуваа српските медиуми, наводно автобусот бил со македонски регистарски ознаки, но засега нема официјална потврда.