Никола Груевски во сеќавање на човекот кој веќе не е помеѓу нас: Можеше да се спореди само со фудбалскиот виртуоз Марадона
Пред четири години, токму на денешен ден не напушти Љубиша Георгиевски, театарски но и филмски режисер и виртуоз во својата професија, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот, политичар, и професор по театарска режија и глумечка игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Љубиша Георгиевски беше претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ избран на партиска конвенција во универзалната сала во Скопје во 1994 година каде лично присуствував.
Ќе остане легендарен оној негов говор на централниот митинг во Скопје во таа таа кампања, кој се одвиваше во безбедносно тен зична ситуација и кој го започна со зборовите: “ги поздравувам сн ајперистите на околните згради…” каде навистина веројатно заради безбедносни ризици имаше полициски сили вклучувајќи и снајперисти.
Незаборавен е и оној негов радио дуел со противкандидатот Киро Глигоров на македонското радио во почетокот на таа кампања, во кое тој не само што доминираше и го засени Глигоров, туку на моменти навести можен неверојатен пресврт во кампањата во која претседателот Глигоров влезе како апсолутен фаворит до таа мера што беше храброст некој да му се спротистави.
По тој радио дуел, политички искусниот Глигоров ги одкажа сите други веќе однапред закажани телевизиски соочувања со Љубиша Георгиевски кој за такви дебати, со сето богаство на прочитана литература, харизма и ораторски способности, можеше да се спореди само со фудбалскиот виртуоз Марадона од светот на фудбалот.
Неговиот збор тежеше, колку цели говори на други. Во секој збор имаше една цела приказна, една драма и една мудрост. Но имаше и брза мисла и досетливост.
Љубиша Георгиевски беше и амбасадор на Македонија во Бугарија а подоцна и во Србија и со голема умешност, тактичност, дипломатичност, мудрост и префинетост во дипломатската комуникација со голем успех ја обавуваше таа висока дипломатска должност во соседни земји со кои во тие периоди имавме чуствителни односи и прашања.
Се сеќавам на едно негово раскажување за една неформална дискусија на некој коктел со тогашниот бугарски премиер и наследник на царската лоза Симеон Саксобургготски, кога тој дипломатски му кажал дека Бугарија сака да ја има прегрната Македонија како братска земја покрај себе, а искусниот дипломат духовито и со целата негова харизма, и драмска изведба му возвратил со зборовите:
“Држете не прегрнати господин премиер, ама немојте толку силно оти не б оли, да не ни ги скр шете коските преграќајки не”. Тој просто ги пленеше луѓето, и од Бугарија замина како дипломат со доделен медал од бугарската држава за посебен допринос во подобрување на однсите меѓу двете земји.
Тој како амбасадор во Белград беше особено ангажиран и посветен на решавање на црковното прашање за признавање на МПЦ-ОА како автокефална црква од страна на СПЦ во едно време кога односите беа крајно сензибилизирани и тензични во тој дел, и во тој момент таа негова мисија изгледаше невозможна.
Но сигурен сум дека со својата неверојатна харизма, со својот висок личен авторитет, духовитост, високи ораторски способности, дипллматичност, и покрај веќе нарушеното здравје, со огромениот број долги средби и разговори со прествниците на синодот на СПЦ и убедувања во правец на признавање на МПЦ-ОА, како и со неговиот исклучително прониклив ум, сигурен сум дека ги постави основите, го посеа семето на она што неодамна се случи како плод, кога СПЦ ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА.
Иако во поодминати години тој беше неуморен во извршувањето на дипллматската работа а свој специфичен и уникатен печат остави и на највисоката политичка функција што ја обавуваше, претседател на собранието на Република Македонија, каде внесе посебен дух во водењето на седниците, па често правните надмудрувања и докажувања со пратениците знаеше да ги замени со суптилен хумор, духовитост, високо интелектуални реплики, многу често и цитати на најпознатоте филозофи, писатели, поети, мудреци и драматурзи и како да сакаше да ни каже дека не е се во препирките околу законите, членовите, ставовите, запирките и бесконечните толкувања и правни надмудрувања, туку во умот, во широчината, во разумот, во почитта, човечноста, мудроста, духовноста, уметноста, визијата и мудроста, терен на која Љубиша Георгиевски доминираше во салата и насекаде, и просто не прифаќаше и не влегуваше во дебати со навреди и ниски омало важувања.
Тој беше виртуоз во добро одбран и одмерен збор на право место и време и генијално срочена мисла, а не во бесцелни правни надмудрувања. Со малку, кажуваше многу.
Од него зрачеше позитивна енергија каква што може да зрачи само од еден од најголемите македонски интелектуалци, а не негативна енергија исполнета со фрустрации, навреди и византиски игри. Секој збор му беше обмислен и одмерен, во секој збор имаше повеќе тежина одколку во цели говори на некои други.
Љубиша Георгиевски и покрај генерациската разлика го чуствував како близок и лојален пријател и сопартиец, мудар и искрен советник, визионер и човек кој секогаш можеше да даде идеи за решавање на проблемите од една поинаква перспектива која никој не ја регистрирал. Од него секогаш и при секоја средба имаше што да се чуе, и што да се научи.
Околу темата за рушењето на спомениците, еднаш шеговито и со ведар дух ми вели: “остави ги, нека рушат, нека ги срушат, народот пак ќе ги врати по некое време, и продолжи повикувајки се и парафразирајки една духовита мисла на Мирослав Крлежа која велеше дека ако еден споменик барем двапати не се сруши и врати повторно на местото, тоа значи не заслужува, и не вредело ни да се постави.
Кога во 2005та година ни се приклучи на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, тој беше вистинско освежување. Внесе нов дух во нашите дискусии а неговото огромно животно, професионално и политичко искуство ни беше од голема корист во тој период.
Тој беше голем македонски патриот, со славна професионална театарски-режисерска кариера низ целиот регион на југоисточна Европа и пошироко, беше полиглот, мислител и човек кој живееше и делуваше со мислите на Шекспир, Крлежа, Гогољ, Чехов, Достоевски, и други ѕезди на светската книжевност, и останува неповторлива инспирација за неговите современици.
Неговото приклучување на релативно младиот тим на раководството на ВМРО-ДПМНЕ по големиот раскол во 2004 година ни даде незаборавен и неповторлив придонес и охрабрување, преку неговото животно, дипломатско, политичко и професионално искуство и креативност и во тие години беше пријатно освежување и искуствена потпора за тој тим.
Секогаш со восхит ќе се присеќавам на него.Македонија нема да го заборави. Тој се вгради во нејзината историја со својата неверојатна енергија, мудрост и човечки вредности.
Неговото семејство има причина да бидат горди на тоа што го имале и живееле со него. ВМРО-ДПМНЕ има причина да го одржува неговиот дух и да не ги заборава неговите идеи и размислувања. Македонија имала малку интелектуалци и такви врвни умови од калибарот на Љубиша Георгиевски.