Никола Груевски: Македонија најутепана
Никола Груевски се огласи на својот фејсбук профил каде вели:
НАЈУТЕПАНИ МЕЃУ НАЈУТЕПАНИТЕ: светската банка за економскиот раст на Македонија
Во минатото кога ја предводев владата според растот на економијата не се меревме со земјите од западниот Балкан, туку со цела Европа, со најуспешните.
Па така, во периодот 2007-2015 година според просечната стапка на раст на БДП, Македонија е со четврто најдобро остварување/раст споредено со земјите-членки на ЕУ и земјите од регионот, време во кое исто така имаше светска финасиска криза, европска должничка криза и домашна политичка криза.
Па така Македонија имаше неколкукратно повисок раст од просечниот во Европа.
Македонија забележа четврти највисок економски раст во Европа во 2014 година на пример или шести најголем раст во 2015 година, трето најдобро остварување во 2009 година итн.
Ги остваривме и највисоките растови на економијата во една година во историјата на Македонија, до денес не надминати, како 6,5% во 2007 година и 5,5% во 2008 година итн.
За жал времињата за Македонија се променија.
Светската банка неодамна објави проекција на растот на економијата (БДП)за 2023, 2024 и 2025 година за сите шесте земји на западниот Балкан.
Македонија е со најнизок раст во сите три години.
На фотографијата подолу има проекции за сите три години за сите шест земји: Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора, Косово и Македонија. Македонија најутепана!