Никола иако има 21 година го прослави својот прв роденден: Докторите во Штип му рекле дека му нема спас, па со 1 посто шанси за преживување бил испратен за Скопје
Никола Тимов од Штип кој има 21 година го живее својот втор или подобро кажано нов живот. Тој пред неколку дена по една година собра храброст да проговори:
Родителите на Никола со емоции неодамна зборуваат за она низ што поминале. Сега се среќни и благодарни, но минатата година ова време биле полни со прашалници, па и страв.
„Никола во ноември се врати од Хрватска, по месец дена доби болки во грлото, беше примен од матичната докторка, го снимивме на рендген и беше утврдено дека му било спуштено едното белодробно крило.
Се снимаше и на компјутер, а срцето му работеше многу забрзано. Доби терапија која ја пиеше десет дена. Потоа во јануари повторно се случи тоа, Никола почна да плука кр в. Докторката ни рече дека тоа е од крајниците и испу кани капилари. Но неговата состојба се влошуваше.
Отидовме на кардиолог, кој рече дека срцето работи добро. По неколку дена викнавме брза помош и на Инфективно одделение открија дека има тешко заболување на белите дробови, многу ниска сатурација, а докторите ни рекоа дека нема спас“, вели мајката Стојка Димова.
Добиле сугестија да се обратат во „Аџибадем Систина“, а по остварениот контакт Никола овде бил донесен со итна помош. Бил реанимиран и поставен на ЕКМО-машина за која им било соопштено дека е единствениот спас.
„Нколче дојде во тешка состојба, со возило на брза помош од Штип како итен случај. Беше, несвесен, неконтактибилен и со многу ниско ниво на кислород во кр вта, под минимумот.
Го поставивме на неинвазивна механичка вентилација a тоа е вентилација под притисок со една голема маска. Тој и не се сеќава на тоа, но потоа се наложи интубација, односно поставување на ендотрахеален тубус во трахејата и поврзување на механичка вентилација“, објаснува д-р Натaлија Чакар, специјалист по анестезиологија со реаниматологија.
Уште веднаш случајот со Никола бил голем предизвик за докторите и поради комплицираноста и поради тоа што станува збор за млад човек.
Силните напори да се успее завршиле успешно, но Никола и докторите вистински воделе битка за неговиот здив, за неговото срце, кое во еден момент престанало да работи. Никола бил реанимиран дури 40 минути.
„По поставување на респиратор, момчето направи арест по што се пристапи на реанимација. Срцето застана и реанимацијата траеше 40 минути.
Стануваше збор за навистина дра матична ситуација, но се направи сè што дозволува медицината професионално. Подоцна колегите од кардиохирургија го поставија на ЕКМО“, додава д-р Чакар, специјалист по анестезиологија со реаниматологија.
Шефот на Одделот за кардиоанестезија д-р Димче Славески вели дека одлуката да се постави Никола на ЕКМО била проследена со извесни дилеми.
„Прво пациентот е донесен со исклучително ниска оксигенација, односно со ниво на кислород недоволно за функција на виталните органи и 40 минути реанимиран со знаци дека функцијата на мозокот, односно оштетувањето на мозокот е реално.
Тоа би значело да го спасите пациентот, да го решите проблемот со белите дробови, но мозокот да биде со трајни оштетувања и да не се разбуди.
Пациентот дојде со тешка респираторна слабост како резултат на масовно крварење во белите дробови, поради што белодробните меурчиња биле исполнети со кр в. Одлучивме да биде поставен на респираторна машина, но тоа не даде соодветен резултат. Значи беа зафатени повеќе органи. Меѓутоа, неговата младост, неговата возраст нè натера да преземеме сè.
Го поставивме на ЕКМО и на крајот успеавме. Секој ден неговата состојба се подобруваше. Шестиот ден откако беше поставен, беше и ослободен од ЕКМО, истиот ден успеавме да го ослободиме и од респиратор. Кога се разбуди ги побара мајка му и татко му“, вели д-р Славески, специјалист по анестезиологија со реаниматологија.
Никола си го исполни ветувањето и со торта пред некој ден го прослави новиот, прв родеден и притоа на својот фејсбук профил напиша:
Немав храброст да ви се обратам.Точно пред една година на само 20год на овој ден 27.01. 2022год започна мојот Нов живот јас се роди повторно.
Кој ќе проверуваше дека јас млад здрав дечко ке завршам толку лошо со 40мин реанимација со ниска сетурацијата во вестачка кома и со 1% да преживеам.
И една недела приклучен на Екмо машина з голема среќа спасот го побарав во Аџибадем Систина каде и ја добив мојта тесша битка за нов живот.
Јас и мојата фамилијата сме благодарни на целиот лекарски тим на чело со Др Димче Славески Др Камелија Бушлетиќ и сите вработени во оваа болница кои го дадоа својот максимум за моето здравје и сите они луѓе кој хуманитарно ми помогнаа. Фала ви од срце на сите.