Нов скандал на повидок во Македонија: Болница на хоророт – пијан хирург и сестра на таблети, пренесува Фокус
January 24, 2024
Неделникот Фокус во најновото издание носи нови скандали, меѓу кои и за македонското здравство.
-За само неколку месеци, во клиничката болница во Битола починаа младо момче, петгодишно девојче и две новороденчиња.
Во меѓувреме, клиниката беше „сардисана“ од јавни обвинители, за што се отворија и неколку истраги. Докторот, пак, кој пиел за време на дежурство, со години наназад бил заштитен или игнориран, се вели во најавата, а на насловната стои:
Пијан хирург, сестра на таблети и болничарка со тапија од психијатар со години „лечеле“ пациенти на битолската клиника.