Од племе Наледи директно дошла на Балканот и се омажила за Бојан: Успешно правам сарми а научив и оро да играм

Кога станува збор за љубовта, не е важно од кој континент доаѓате, каква религија или боја на кожа сте. Вистински пример за тоа се Бојан и Наледи Репаја.

Бојан и Наледи се запознале додека работеле на брод за крстарење, а не знаеле што ги чека и што може да произлезе од сето тоа.

– Се договоривме од првиот ден. Кога ја напушти работата, отидов со него во Црна Гора. Потоа ми кажа дека Црна Гора е блиску до неговото место, па решив да одам со него во Србија на еден месец – вели Наледи.

Па така еден месец се претвори во 10 години. Успешни десет години во слога, љубов, разбирање кое за денешно време е успех.

– Од моментот кога се запознавме, сè помина без проблеми. Нашата врска е полна со страст. Имаме две деца, синот има четири години и ќерката три години. Тие се целиот мој свет – вели Бојан.

Иако е стереотип дека свекрвата и снаата не се согласуваат, Наледи научила се од својата свекрва и и се допаѓа начинот на функционирање.

– Многу ми се допаѓаат Божиќ и Велигден. Свекрва ми ме научи на се. Знаете колку добро правам сарма, проја и полнети пиперки , научив и оро да играм- изјави Наледи за ТВ Прва.

Со оглед на тоа дека потекнува од различна култура, племето Зулу, во Србија и биле чудни многу работи, но особено православието.

– Кога одиме во црква, ми е чудно што прават луѓето. Дали сите луѓе ја бакнуваат сликата, што точно прават. Се сеќавам и на иконата што ја имаше мојот сопруг на бродот за крстарење, не ми беше јасно што е тоа – изјави Наледи.

Ведриот ду х Наледи не го задржала за себе. Таа прави професионални масажи со тикви на специфичен начин кои ги донела од родната земја.