Оливер Спасовски неутешлив и тажен по големата загуба: Со неверување и длабока жалост ја примив веста
Актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево се огласи на својот фејсбук профил со емотивен и тажен статус во кој вели:
Со неверување и длабока жалост ја примив веста за прераната см pт на поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Сашко Костов.
Костов беше пратеник од редовите на СДСМ во претходниот пратенички состав на македонското Собрание, а по завршувањето на пратеничкиот мандат работеше како адвокат во Кочани, од каде што и потекнува.
Исклучително чесен, правдољубив и посветен човек, така ќе го паметат сограѓаните, сопартијците и сите коишто соработуваа со него.
Упатувам најдлабоко сочувство до семејството и блиските на Костов. Нека му е вечна слава!
Сашко Костов инаку беше магистер по правни науки и моментно работеше како адвокат. Зад себе остави сопруга и три малолетни дечиња.
Како што велат утринава за време на судско рочиште во Основен суд – Кочани, му се слошило, добил срцев у дар по што веднаш бил пренесен во Општа болница со проширена дејност во Кочани во тешка состојба.