Падна одлука за таткото на Вања – познато што ќе биде со Александар

Дека до Судот е поднесено барање на Ѓорчевски да му виде одреден куќен притвор, на 9 декември информира неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ, кој тогаш рече дека кон осомничениот не е оправдана ниту една мерка и дека со мерката куќен притвор ќе се задржи кохезијата на семејството кое е длабоко погодено со оваа трагедија

Александар Ѓорчевски, таткото на 14-годишната Вања која беше киднапирана и најдена убиена на 3 декември, минатата година, останува во ефективен затворски притвор.

Од Основниот кривичен суд Скопје попладнево соопштија дека е одбиено барањето на одбраната на Ѓорчевски наместо затворски да му биде одреден куќен притвор.

Притворот на таткото на Вања му беше продолжен на 4 јануари. Тој според истрагата е осомничен дека им помогнал на другите да го грабнат девојчето и се товари за кривичното дело грабнување. Нему првично му беше определен 48-часовен притвор, а потоа доби уште 30 дена во Истражниот затвор во Шуто Оризари.

Одлуката, како што се наведува во соопштението на скопскиот Кривичен суд, била донесена по добиеното мислење од надлежниот јавен обвинител.

„Ја информираме јавноста дека судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А.Ѓ. осомничен за кривично дело грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик (КЗ), а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж., за замена на мерката притвор со куќен притвор, по добивање на мислење од надлежниот јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива“, се наведува во соопштението на Судот.