Панајоти од виничко: Како бебе мајка ми ме фрлила во канта, пред три години трактор ме прегази, сакам стан и работа

Груица Атанасов имал поразлични планови за неговиот живот и можеби ќе бил успешен фудбалер доколку тој му поделел поубав избор на карти. Сепак, пораснат во дом очигледно својата карма подоцна ќе ја пренесе и на своите две деца Павел и Панајоти кои од бебиња ќе растат во дом.

Панајоти Атанасов е помладиот син, 19 годишно момче кое како бебе било оставено од својата мајка. Буквално отфрлено, поради што нема да сака никогаш досега да ја побара -ќе рече ова тој. Социјалните служби одлучиле дека нивниот татко не е способен да се грижи за нив ниту финансиски, ниту ментално, па тие првите три години ги минуваат во Дом во Скопје, па до лани и дом во Берово.

Пред неколку месеци Панајоти станал полнолетен и се враќа во распадната куќа на неговиот татко. Тажен бев кога ме вратија дома. Таму ми беше поубаво. Имав другари и топол кревет. Тука ако останеме со тато може да изгориме како глувци ќе рече тој. Поради лошите услови брат ми не живее тука. Плаќа стан под кирија и работи во градот, а јас не можам да работам зашто на 15 години ме згази трактор и имав две операци на ногата. Ова семејство ќе рече дека сака да го надополни сето време кое го изгуби низ годините кога биле раздвоени и да имаат нормални услови како секој нормален човек.

Груица е роден во село Пеклани, таму се раѓаат и неговите деца. Но од мали мајката се откажала од нив и тие завршуваат во дом. Додека Груица се снаоѓал и живеел во сиромаштија сам, Панајоти растел и најсреќен бил со другарите и деновите кога татко му доаѓал на посета да го види. Мајчинска љубов не почувствувал и никогаш не посакал да ја побара или види сопствената мајка поради тоа што му го направила. Пред неколку години доживува сообраќајна несреќа со трактор и бил подложен на две операции за ногата. Едвај му ја спасиле едната нога, па денес има сериозни проблеми и го боли кога се движи. Лани кога наполнил 18 години се вратил во распаднатата куќа, па ќе рече дека иако сакал да биде со брат му и татко му, сепак условите дома се многу лоши.

-Израснав во дом до полнолетство. Бев добар фудбалер, но џабе немав услови да продолжам и морав да се вратам во селото за да мизерувам. Потоа земав куќа и се оженив, ама жена ми не беше добра со здрвајето. Се налути дека родила два сина и одлучи да не остави. Јас не можев да се грижам за нив и морав да ги дадам во дом. Немав сигурни финансии и не можев само со нив, со Панајоти и Павел. Па, тие три години живееа во Скопје, а потоа и во Берово. Павел од домот веднаш замина во град да работи и сам живее. А, Панајоти не е добар. Пие лекови и имаше сообраќана несреќа со трактор па едвај се движи-вели Груица.

-Не сакам да ја видам мајка ми. Никогаш не ја побарав зашто знаев дека ме фрлила во канта и напуштила. Како да сакам тааков човек. Во домот се дружев. И тоа ми е најубав спомен од детството. Исто и деновите кога тато доаѓаше да ме види. Тука не ми е добро. Немам ни другари, а и куќата е многу стара. Би било убаво да живееме сите заедно некаде во Градот –ќе рече Панајоти, синот на Груица за Срце на дланка.

Среќа за ова семејство е да се симне долу во Градот за да можат да фунционираат. И Груица и Панајоти би сакале да работат според нивната способност. Болен е таткото, болен е и Панајоти и пие лекови поради неговата дијагноза и лош говор, но сепак се надева дека еден ден ќе се ожени и создаде семејство. Сепак, најтешко му е што куќата на татко му се распаѓа, па се надева дека ќе добијат социјален стан и ќе го наполнат со мебел и сите заедно среќно ќе живеат.

Секогаш има нешто за што вреди да се бориме. Животот се сведува на тоа да бидеме покрај оние кои ни значат. Некој кој ни дава сила и смисла на живот. Покрај кој се чувствуваме убаво и цветаме. Со такви луѓе имаме и мир во срцето.. Имаме колку имаме, а сепак имаме се.

Доколку сакате да помогнете на ова семејство тоа можете да го направите на нивниот телефонски број 076937460 или на нивната трансакциска сметка 300057114677027