Перо Камиказа: Девојката за која го отворив фб профилот не е повеќе меѓу живите

Петар Георгиевски, познат како Перо Камиказа е македонски музичар, глумец, спортист, основач и менаџер на КЛС Евентс.

Дипломирал на ФДУ во Скопје, а потоа како глумец во Суботичкот театар КПГТ на Љубиша Ристиќ каде одиграл во 600 претстави.

Со сопругата Даница Георгиевска се запознал за време на студиите на ФДУ и по кратко време стапиле во брак во 1987 година. Даница е успешна глумица вработена во Македонскиот народен театар.

Инаку е основач и на рок бендот „Меморија“ со која на 11ти јунни одржа спектакуларен концерт во А1 Арена каде се пееја безвременски хитови – песните на Меморија(Снежана, Нена, Оган под ѕвездите, Дирлада, Македонија…), Некст тајм(Ја излези Ѓурѓо), Морал, Ласт експедишн, Парни Ваљак и Аки.

Во јавноста стана познат и со неговата кандидатура за градоначалник на Скопје поддржана од политичката група Левица во 2021 година.

Петар Георгиевски – Камиказа од пред неколку години е активен на социјалните мрежи каде секојдневно споделува по нешто од приватниот но и професионалниот живот.

Овојпат сподели спомен посветен на прерано заг инатата планинарка Калина Велевска во 2018та година на планината Ниџе. Имено, Георгиевски напиша:

Девојката за која го отворив Ф.Б. профилот не е повеќе меѓу живите.Калина се викаше и со својот сопатник заминаа засекогаш од овоземскиот свет на Кајмакчалан.Ова беше во нејзина чест и помен.