Пејачот Дарко Лазиќ ја искина банкнотата од 100 евра бакшиш и му ја врати на човекот

Веќе долги години српскиот турбо фолк пејач Дарко Лазиќ е на естрадата, преку ,,Ѕвездите на Гранд” изгради голема и завидна кариера.

Тој ги поседува едни од најголемите хитови, а каде и да настапува ги полни клубовите и арените, и знае атмосферата да ја направи на ниво.

Тој води доста турбулентен живот, имаше многу лоши моменти, во една не згода едвај преживеа и имаше долга рехабилитација.

Пејачот Дарко Лазиќ не престанува да ја заинтригира јавноста со изненадните потези, а и сега ја остави публиката без зборови кога ја искина банкнотата што ја доби додека пееше песна.

Имено, на видеото и сликите кои кружат на интернет а пренесува ,,Блиц” можете да се види како Даркопее на забава и му приоѓа гостин кој го замолил да отпее песна.

Но кога му ја дал банкнотата Лазиќ ја искинал, а претходно го прашал: Која песна сакаш да ја испејам, а овој одговорил ,,Мајко”

– Таа песна е од моето срце, пола-пола – рекол Лазиќ, ја искина банкнотата и му понуди на човекот половина од банкнотата, пренесува ,,Блиц”

Не им требаше многу време на следбениците на социјалните мрежи да почнат со неверување да коментираат на ваквиот потег на Дарко:

„Да беше од срце, џабе ќе пееше, требаше да го врати кусурот и ли да ми врати банкнота, овој потег на ништо не личи, каква аро ганција, се само дел од коментарите.