Познатиот македонски диџеј ќе го менува жанрот: Ќе пуштам музика од Васка Илиева, Наум Петрески, Сузана Спасовска и останатите
Марјан Петровски или во јавноста попознат како диџеј Мац е еден од нашите јавни личности кои секогаш кажува се без влакна на јазикот.
Човек кој ги полни клубовите ширум Македонија но и надовр од неа но и човек пред се кој прави многу хумани работи прави хумани дела.
Марјан има учествувано во многу акции за собирање храна, и има пуштано музика на многу хуманитарни забави. Диџеј Матс инаку по професија е лаборант.
Исто така Диџеј Матс е човек кој покрај музиката е познат и по хуманите работи и знае да помогне таму каде што е најпотребно.
Тој исто така е актуелен на социјалните мрежи каде често го споделува своето мислење и дискутира за актуелните случувања во државата.
Овој пат тој се огласи на социјалните мрежи и кажа дека ќе го смени својот жанр на пуштање на музика и дека ќе се префрли на народно.
– Ќе сменам жанр.. Ќе почнам да пуштам од Наум Петрески, Васка Илиева, Сузана Спасовска, Ефто Пупиновски, Петранка Костаднова..
– И сите така натака. Да ме научат луѓенцата од 50+ пошто вака не ме знаат, а ептен ми се битни да ме знаат, вели тој во својата објава.