Познатиот македонски доктор за Универзална: Не сфаќам зошто толку трагично се гледа на целата ситуација
За неполн час изгоре голем дел од внатрешноста на Универзална Сала во пожар што избувна утринава. Во огнот, нема загинати, а две лица од околните згради биле пренесени на Клиниката за токсикологија поради вдишување густ чад од запалениот објект.
За пожарот, како што соопштија од МВР, на распит се повикани три лица кои, како што се вели, биле градежни работници, присутни во објектот во моментот кога се случил пожарот.
Настанот не помина незабележано низ целата македонска јавност, а свое видување даде и познатиот доктор Горан Трајковски кој живее и работи во Германија:
Жал ми е што изгоре универзалната сала, стварно е споменик на некој начин, ме радува и што повеќето од нас имаат добри спомени со овој објект, ама сепак не сфаќам зошто толку трагично се гледа на целата ситуација…
После земјотресот цело Скопје се обнови. Црквите и зградите во Германија по втора светска војна беа сите изрушени, а денес се реновирани и изгледаат исто како тогаш.
Ако се сака може пак да се изгради во ист стил и да се модернизира. Ако народот стои зад тоа мислам дека е реално. Најважно е што нема жртви според мене.