Познатиот македонски фудбалски тренер влезе во бизнис со соларни централи – ќе им продава на Израелци
Во последно време во Македонија се поголем интерес и вложувања има во капацитети за произвоство на обновлива енергија, пред се ветерници и на сончева енергија.
Многу бизнисмени, но и обични луѓе влегоа или се во план да влезат во овој бизнис кој би требало да носи добра заработка.
Еден од нив е и познатиот фудбалскиот тренер Александар Влахо кој беше тренер во Работнички, а работеше и во Хрватска, Латвија, Босна и Херцеговина.
Имено Влахо и поранешниот фудбалер Бесим Речи се сопствениците на проектите за изградба на три фотосоларни централи кои ги продава на израелскиот гигант Биг Шопинг Центерс познат по тоа што купува недвижнини на Балканот и поседува трговски молови во регионот, пренесува Фактор.мк
Биг Шопинг Центерс холдинг претежно во дејноста на недвижности со активности во САД, Израел, Србија, Црна Гора и Франција и лидер во изградба и развој на концептот на трговски центри на отворено во Израел, преку БИГ Енергиа Холдингс ги купува централите на Влахо и Речи познати како Бака Енерџи, Чашица Солар и Скај Солар.
Сите три се во околината на Пробиштип. Во изминатите години Биг Шопинг Центерс и БИГ Енергиа Холдингс, инвестираат во секторот на електрична енергија.