Познатиот фолк – пејач порачува: Време ти е да пропаднеш во бездната која сам ја копаш повеќе од 20 години

Познатиот фолк-пејач Спасен Силјаноски во ек на предизборната кампања е активен на социјалните мрежи со свои ставови, па така напиша:

И НИЕ ГИ ЧУВАМЕ ЧИЗМИТЕ(за недај боже) Во центарот на Скопје “Аца Антиќ” се заканува на претседателот на Вмро Дпмне д.р.Христијан Мицковски.

Во центарот на Скопје се скандира “учк…учк”…Тоа е провокација кон Македонскиот народ. Во центарот на Скопје се веат Албански знамиња и знамиња на учк…Без ниту едно државно знаме, без ниту едно знаме и нити еден симбол од државата во која ги уживаат сите права дури и повеќе од тоа….

Ја почитуваат ли они Македонија и Македонскиот народ? Или во безизлезна состојба на колапсот на дуи, се фаќаат како и секогаш на национална реторика со цел подгревање на тензиите, па несвесно понесени од нивната омраза кон се што е македонско, ги искажуваат нивните потајни желби кои ги гаат уште многу одамна….Ги знаеме добро нивните желби и амбиции.

…Но “Аца Антиќ” заборава дека ова нее 2001, Очигледно не ја прати ни геополитиката ни промената на рамнотежа во светот. А не го прати ни “расположението” кај чесните Албанци на кои им е здосадено од неговите игри, па како последица на неговото владење масовно се иселуваат и ги напуштаат своите домови…

…..”Аца антиќ” време ти е да пропаднеш во бездната која сам ја копаш повеќе од 20 години… А ќе пропаднеш и тоа сигурно за доброто на народите во Македонија.

p.s. А ако сеуште те Е…а Мозокот, да знаеш дека и ние ги чуваме чизмите на таван. Христијан Мицкоски нее сам, и нема да биде.

Во меѓувреме, во коментар реплицираше на сограѓани кој му коментираше во знак на поддршка:

јас сум пред се Македонец па после јавна личност и се друго. Никогаш не сум размислувал индивидуално. Мојата љубов кон Татковината е поголема од се па и од мојата кариера. Секогаш сум ставал на ризик се што имам и што сум постигнал, но во интерес на Македонија и Македонскиот народ. Така и ќе продолжам без разлика на сите притисоци и се она што би можел да го изгубам. Едноставно тоа сум јас…Љубовта кон татковината и својот народ е посилна од се.