(ФОТО) Водителката на Брза Кујна открива: Паричката не ми падна и оваа година, но кажав ДА

Можеби едно од најомилените и најгледаните кулинарски шоуа на македонските тв екрани е секако „Брза кујна“ која се емитува секој работен ден ан Сител од 17 часот.

Водителка на емисијата е познатата Сања Савеска а шефови се Шеф Никола Мишковски и шеф Бобан Симоновски.

Сања Савеска е познат телевизиски лик од утринската програма „Македонија денес“ на телевизија 24. Таа во една прилика истакна дека станува во раните утрински часови и за да убаво и започне денот си пушта музика.

-Телевизијата е една ма гија, која штом ја почувствувате еднаш, тешко дека лесно ќе се откажете, ве обзема целосно, едноставно станувате зависни од адреналинот кој го носи оваа работа.

Има навистина премногу предности кои едноставно ги засенуваат недостатоците, работејќи во ТВ секогаш сте помеѓу првите кои ги дознаваат информациите, можете секому да се јавите и да побарате интевју.

Како и секоја работа и оваа има стресни моменти, но тоа бргу мора да помине, затоа што гледачите сакаат и заслужуваат да ве гледаат насмеани, изјави Сања во една прилика за хаштаг.

Савеска исто така истакна дека повеќе слуша позитивни коментари за себе, а за негативните коментари вели дека сака да ги слушне и разгледува за да разбере зошто некој ја доживеал на таков начин затоа што секој има право на свое мислење.

Сања има дипломирано на Политички студии, а како што вели нејзина детска желба биле театарот и филмот. Често е активна на социјалните мрежи, така и овојпат ги изненади нејзините следачи со нова објава во која напиша:

Паричката не ми падна и оваа година, но сепак добив одлична понуда која не се пропушта. Кажав да за промотивна фотосесија

Единствената продукција која ќе ги овековечи Вашите најсреќни моменти со високо квалитетна филмска техника, водена од острото и професионално око на единствениот Дарио Јанковиќ и неговиот супер фантастичен тим!

Отсега па натаму не размислувајте кој ќе ги направи вашите свадбени фотографии.Резервирајте си навреме термин за ваква филмска фотосесија.