Полицаец и шумар во продавница го претепале инвалидот Игор од радовишко – без причина, тврди неговиот роднина Иван
Инвалидизираниот Игор Јанев од селото Дедино радовишко вчера брутално бил претепан од две лица по што завршил во штипската болница
Иван Јанев, роднина на нападнатиот Игор тврди дека еден од напаѓачите бил сообраќаен полицаец, а другиот шумар кои според него без причина го нападнале немоќниот Игор.
-Тие кога отишле во продавницата прво почнале да удараат друго дете, а Игор рекол зошто не повиката полиција. По што тие му се свртеле и по него почнале.
Едниот е полицаец, другиот шумар. Тој што давал изјава, што бил сведок утрото му е звонето да ја промени, му рекол колку сакаш да ти платам за да не ме набркат од работа, вели Иван за Тв Стар.
Од СВР Струмица го потврдуваат инцидентот за кој велат:
– На 27.11.2023 во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче пријавил дека на 26.11.2023 околу 22 часот во село дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападна од С.Ѓ. од село Конче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.