Поранешната сопруга на Кајмакоски: Дали треба да ве почастам бидејќи бившиот ми се ожени
Поп-пејачот Даниел Кајмакоски е познат по победата на првата сезона од светското шоу Х Фактор Адриа. Тој беше претставник на Македонија во Виена за европскиот натпревар на песни Евровизија во 2015 година со песната „Лисја есенски“ по победата на Скопскиот Фестивал 2014.
На своја 7-годишна возраст заедно со своето семејство, заминува во Виена, Австрија. Даниел има учествувано во повеќе музички шоуа, а првото учество му е на 17 години со пласман во најдобрите 12.
Даниел Кајмакоски се чини како што се појави одеднаш, така и го снема од јавноста. Откако победи на х фактор Адрија и ја претставуваше Македонија на Евровизија 2015 години се очекуваше да направи светла иднина но ништо од тоа.
Бракот помеѓу манекенката и пејачка Кристина Димитријевска и Даниел Кајмакоски отсекогаш бил интересна тема за јавноста.
Иако нивната брачна врска траеше кратко, сепак и после тоа честопати беа ме та на медиумите и секогаш интересни за јавноста.
Кристина остана да живее со нејзиниот син и да гради кариера, а Кајмакоски замина во Белград каде продолжи со својот живот.
Неодамна, Даниел Кајмакоски сподели дека по вторпат се ожени, а тоа повторно предизвика големо внимание во јавноста.
Токму Кристина Димитриевска, неговата поранешна сопруга беше гостинка во емисијата ,,Бекстејџ” каде искрено проговори за односот ос Кајмакоски и за тоа што мисли за неговото повторно стапување во брак.
– Колку и да направиш голем успех, тебе луѓето секогаш сакаат да те врзат за некој скан дал. Но за мене разводот е дел од животот, и никогаш не сум склона кон правење на скан дали.
– Не постојат маани кога си самохрана мајка, детето направи од мене да размислувам многу повеќе, да работам и да творам.
– Кога имаш дете тоа е веќе една сериозна обврска. Во едно интервју изјавив дека јас сум и мајка и татко на моето дете, неможе ништо да се сокрие, а да беше поинаку моето дете немаше да биде толку среќен и позитивен.
– Најлошото со што се соочуваат самохраните родители кај нас се коментарите, но јас мислам дека некој треба да те пофали за такво нешто.
– Со Даниел имам средба само кога треба законски да се видиме, не сакам да должам и да му давам повеќе простор, бидејќи доволно му дадов, вели Кристина за ,,Бекстејџ”
На прашањето што мисли за неговиот нов брак Кристина вели: Србите имаат една изрека која вели ,,Крпа нашка закрпу” и мислам дека секој треба да си го најде тоа што си го заслужува.
– Но како и на секој му посакувам се најубаво. Луѓето ми праќаа линкови и вести дека се оженил, а јас на тоа буквално се пошегував само и реков ,,Дали треба да ве почестам бидејќи бившиот ми се ожени” вели за крај Кристина.