По концертот во Скопје го снема, а сега Нешa Галија се огласи: Лошо ми е, неподвижен сум и не можам да зборам – имав тешка операција

Ненад Милосављевиќ, попознат како Неша Галија, пред неколку дена беше опериран на срцето, а моментално се опоравува во болница во Белград.

На Неша Галија беше извршена интервенција за поставување бајпас, која беше неопходна поради затнување на крвните садови.

Имено, како што тврди „24седам“, Милосављевиќ почувствувал непријатност и стапил во контакт со лекарите, кои го известиле дека мора да оди на итна операција.

Факт е дека се се случи многу брзо, со оглед на тоа што пејачот и неговата група последниот настап го имаа неодамна, токму на 29 мај во Скопје.

Неша зборуваше кратко за медиумите и откри дека не се чувствува добро.

– Направив операција и сега се опоравувам. Јас лежам и неподвижен сум, не можам да зборувам. Разберете ме, болен сум. Се извинувам. Ми требаат три, четири недели да закрепнам – учтиво изјави Неша.