По проблемот со хируршките сали на Клинички – сега настрадаа и оние во ГОБ 8ми Септември
June 27, 2024
Докторот ортопед Александар Каревски на својот фејсбук профил сподели статус во кој вели:
-Негрижа и запоставување секогаш излегуваат на виделина. Синоќешното невреме имало сериозни последици по оперативниот блок во ГОБ 8ми Септември. Време е некој способен да ги решава проблемите на оваа болница
Како што пренесува Фокуд.мк во две хируршки сали на третиот кат во ГОБ 8 Септември протекла вода, по вчерашното невреме.
Како што информираат од ГОБ 8 Септември, проблемот во моментот е надминат, а болницата е во целосна функција.
Пациентите што треба да бидат оперирани веќе се префрлени во опремени сали на другите катови.