Пристигаат работници од Непал во фирма од Кочани
Во конфекција со 200 вработени работодавачите се со тенденција да имаат 20 вработени од Непал, Филипини и слично, вели Ангел Димитров. Кончанска конфекција веќе е во преговори за вработување на лица од Непал, а процентот на работници и производството во тектилната гранка постојано е во тренд на опаѓање. Стои и проблемот со заминување на работниците во пензија, а работодавачите свесно го намалуваат бројот на вработени.
„Една кочанска конфекција кажа дека почнала разговори за увоз на работници од Непал. Ама сите се отккажуваат од процедурите, процесот трае многу долго. Просечно некаде околу 3% паѓа, минатата година тој процент беше поголем. Некаде од 3 до 5% очекувам да падне и бројот на работници и производството во текстилот.“ – вели Димитров за Мнет телевизија.
И додека од една страна се намалува бројот на вработени во текстилот, од друга страна стои проблемот со исплатата на регрес за годишен одмор.
Претседателеката на Гласен текстилец посочуува дека ваков проблем се појавува не само кај текстилниот сектор туку и кај други гранки. Но, децидна е дека вработените потпишуваат спогодбени договори и затоа Трудовиот инспекторат не може многу да помогне.