Рано утрово одекна вест која е потврдена – убиен е напаѓачот во Брисел
Осомничениот за терористичкиот напад во Брисел е убиен во вторник наутро при полициска интервенција во главниот град, јавуваат белгиските медиуми.
Осомничениот бил застрелан во кафуле во Шаербек, потврдено е за nieuwsblad.be. Сведок го видел Абдеслам Ласуд во кафуле во близина на зградата која била претресена во понеделникот вечерта.
Кога пристигнала полицијата, дошло до престрелка, при што напаѓачот бил убиен.
На истата локација е пронајдено и оружјето употребено во нападот во понеделникот вечерта. Во моментов се земаат отпечатоци од прсти на починатиот осомничен за со апсолутна сигурност да се утврди неговиот идентитет.
За потсетување синоќе тој убил двајца навивачи од Шведска кој пристигнаа да ја бодрат својата селекција на дуелот со Белгија