Распродадени сите летови од Москва – Русите бегаат пред налетот на Вагнер

Како што е познато платениците на Вагнер од утрово се во поход на главниот град на Русија.

Па така летовите од Москва, наводно, се распродадени додека платеничката група на Вагнер се приближува до главниот град.

Дер Шпигел објави дека билетите за директни врски од Москва до Тбилиси, Астана и Истанбул веќе не се достапни.

Ова е јасен показател дека Русите бегаат од главниот град во страв од налетот на Вагнер

„Гугл мапс“ покажува затворање на патиштата на М4 јужно од Москва, рутата по која се движат бунтовниците на Вагнер.